Балкан
12. January 2016 - 11:38

Ужас во болница, пациент избоде до смрт медицинска сестра

Медицинската сестра од здобиените повреди починала на самото место.

Инцидентот се случило во Здравствениот дом во Шабац, каде пациент денеска со нож избодел медицинска сестра кој во меѓувреме починала

Според неофицијалните податоци пациентот влегол во ординацијата и ја избодел медицинската сестра. По тоа и натаму останал да седи во чекалната каде е уапсен.

Лекарите не успеаја да го спасат животот на својата колешка.

Мотивот на нападот не е познат.

Истрагата е во тек.