Балкан
16. February 2017 - 11:37

Ужас: Татко - монструм новороденчето го фрлил на под, му го пукнал черепот

Млад белграѓанец (23) е уапсен поради семејно насилство откако прво ја нокаутирал тештата, а потоа и своето дете старо само 15 дена го фрлил на подот.

Како што соопшти полицијата, М.С. по кавгата во куќата на родителите на својата сопруга во Уб најпрво ја удрил тештата во лица, а потоа своето бебе старо 15 дена го кренал и го фрлил на подот од куќата.

Бебето се здобило со фрактура на черепот и префрлена на лекување во Ургентниот центар во Белград, на одделението за неврохирургија.

По апсењето, М:С. е спроведен во Основното јавно обвинителство во Уб каде по сослушувањето му е одреен притвор до 30 дена.