Балкан
12. September 2017 - 21:06

Ужас: На гробишта може да се види се и сешто, но оваа двојка постави нови стандарди за бизарно

Заборавете на обичните натписи и слики во боја, на современите гробишта завладеа нов тренд.

Кога подигнувањето надгорбен споменик е во прашање, во Србија има се и сешто, а луѓето често ја надминуваат секоја мера. Некои од нив се страшни, а некои пак смешни. Овој е некаде на граница, и тоа гротескно.

Брачна двојка од Младеновац направи нешто оригинално, што многумина се запрашаа, дали ова можеби ќе стане нов тренд на современото време?

А она што предизвика посебна полемика и многу негативни коментари на социјалните мрежи, е фактот дека на плочати пишува дека господинот и госпоѓата се наставници. И дека сами ги подигнале спомениците.

„Најстрашно е се е што тие биле наставници“, пишува во коментарите. Додека другите заклучиле дека изгледаат „како самошто да станале“. А трети покренаа полемика дека треба да се воведе правилник за подигнување споменик на гробишта.