Балкан
26. April 2017 - 11:12

Ужас: Го родила па го фрлила, новороденче пронајдено мртво во ВЦ шоља

Според неофицијалните информации, во една семејна куќа во Војка, пронајдено е беживотно тело на бебе старо неколку часа. Лекарите од итната помош го пронашле бебето во тоалет, фрлено во ВЦ школката.

Се сомнева дека е извршено кривично дело чедоморство, односно убиство на дете при породување.

Мајката на починатото бебе Т.Ј. се породила на 24 април во утринските часови и е префрлена во Клиничко-болничкиот центар во Земун, а бебето е испратено на обдукција, со што ќе се знае точно дали новороденчето е свирепо убиено, или станува збор за мртвороденче.