Свет
22. May 2017 - 9:29

Ужас: Автобус падна во провалија, загинаа 12 патници

Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени откако синоќа автобус излета од пат во планинскиот регион во јужниот дел на Мексико, во близина на границата со Гватемала.

Автобусот паднаа во 90-метарски амбис.

- Несреќата се случи во близина на градот Мотозинтла, кога автобусот излета од патот и падба во амбис. Патниците се враќале од духовно одморалиште на брегот на Пацификот, соопшти брзата помош на мексиканската сојузна држава Чијапас.