Македонија
12. August 2016 - 15:57

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ им помага на поплавените во Гази Баба

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови во континуитет врши посета и доставува храна и средства за хигиена во населените места во општина Гази Баба, кои настрадаа во поплавите.

Во хуманитарната акција, како што информира УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваа сите општински комитети на територија на Република Македонија.

Хуманитарната акција ќе продолжи и во наредните денови.