Утрово средба Заев- Црвенковски, за што се разговарало?
Автомобилот на претседателот на СДСМ Зоран Заев утрово е забележан пред канцелариите на поранешниот прв човек на СДСМ и поранешен претседател, Бранко Црвенковски.
Автомобилот Ауди А8 на Заев утрово е паркиран пред канцелариите на Црвенковски. Дали Заев планира да се повлече од политиката и токму ова е причината за нивната средба, или пак во план е некаков друг договор останува да се види.
Заев вчера изјави дека се повлекува од градоначалничката функција во Општина Струмица и истакна дека за него ова е последна седница.
-Во следните денови настапува престанок на мојата функција Градоначалник заради започнување на друга функција. Согласно законот сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик Градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица, рече Заев.
Пред изборите на 11-ти декември, Заев изјави дека ако биде поразен, целосно ќе се повлече од политиката, но и покрај претрпениот пораз, лидерот на СДСМ се уште се нема одлучено за ваков чекор.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година