Македонија
23. January 2016 - 9:40

Утрово најладно во Берово, најмногу снег во Маврово

Утрово најладно беше во Берово каде до седум часот се измерени - 21 степен. најмногу снег, пак, има во Маврово, 32 сантиметра.

Според УХМР, во Лазарополе и Маврово се измерени -17, во Крива Паланка и Крушево - 14, во Тетово и Пожар - 13, -12 во Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец, -11 во Ѓуриште, Штип и Тополчани, -10 во Претор, Струмица, Куманово, Виница, Д. Капија и Скопје - Зајчев Рид, -9 во Кавадарци и Охрид, - 6 во Дојран, како и - 4 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 1 сантиметар во Крива Паланка, 4 во Струмица, 6 во Штип, 8 во Тополчани, Тетово, 10 во Пожар, 14 во Ѓуриште, 15 во Берово, 16 во Крушево и Пожаране и 26 сантиметри во Лазарополе.

Моментно во Македонија е ведро и многу студено, особено на повисоките места и планините. Дува слаб ветер од северен правец.

Во текот на денот претежно сончево и студено со слаб ветер од северен правец. Највисоката температура на возухот ќе се движи во интервалот од -5 до 2 степена.

Скопје сончево и студено со слааб северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 1 степен. 

Викендов ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.