Македонија
15. јуни 2016 - 17:35

Утре во Македонија пеколно време, температурата ќе достигне и 40 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 25 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.