Loading Video...
Фудбал
13. February 2018 - 19:16

Утре стартува пролетната фудбалска сезона

Денеска заврши зимската пауза за фудбалерите од домашното првенство. Утре  се игра првото пролетно коло кое носи дерби во Тетово.  Меч во кој Шкендија го решава првенството или Вардар ќе се врати на шампионските патеки.  Интересна ќе биде и битката за излез во Европа и опстанок. 

Шкендија е есенски првак со 8 бодови предност пред Вардар но јасно е дека актуелниот првак се уште не се откажува од шампионските позиции.  Сето тоа гарантира неизвесен и возбудлив дуел  во Тетово каде според последните информации има и снег.  Доколку тетовчани го добијат овој меч ќе може  да ја прослават втората шампионска титула во спротивно Вардар ќе ја врати надежта во своите редови за нов трофеј. 

Од третата позиција стартува Силекс кој со добрите игри есенва ги најави своите европски амбиции. Силекс има 6 бода повеќе од Академија Пандев и 8 од Работнички. Можност за успешен старт на пролетната сезона е утрешниот дуел со последнопласираниот тим на Скопје. 

Внимание секогаш привлекува и пелагониското дерби кое овојпат ќе се игра во Турново. Домаќин е екипата на Победа која ќе има многу нови играчи во дуелот со големиот ривал Пелистер. 

Проблемот  со теренот покрај победа ќе го почувствува и екипата на Шкупи која ќе го угости тимот на Академија Пандев на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари. 

Бодови за Европа или бодови за опстанок. Тоа се желбите на Работнички и Ренова кои утре ќе истрчаат на Националната Арена Филип Втори.  ПОчетокот на натпреварите среда е во 14ч.