Македонија
11. July 2017 - 15:44

Утре сончево и многу топло, наскоро заладување

Претежно сончево и многу топло време, со дневна температура која во најтоплите делови од земјата ќе го надмине 40-иот степен ќе се задржи и утре.

Од УХМР информираат дека во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе услови опаѓање на дневната температура најпрвин во северните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок во текот на ноќта, а особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Трендот на намалување на температурите ќе продолжи, така што во недела се очекува да опадне за 8-10 степени во споредба со утрешната.