Македонија
11. December 2016 - 15:06

Утре снег во Македонија

Засилен северен ветер и провејување на слаб снег се очекува во текот на утрешниот ден и во вторник. Темепратурата ќе се движи од -5 до 12 степени.

Од УХМР соопштија дека утре и задутре се очекува продор на студена воздушна маса од север, што ќе предизвика засилен северен ветер, заладување и на места провејување на слаб снег, особено во северните и западни делови од земјава.

Дневната температура значително ќе опадне, и утре ќе се движи во интервалот од 6 до 12, а во вторник од 3 до 8 степени. Утринските температури ќе се движат од -5 до 4 степени, а потоа во среда поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.