Бизнис
14. March 2017 - 20:02

Утре последен ден за поднесување даночна пријава, УЈП најавува достава на податоците на домашна адреса

Гужва  пред шалтерите на УЈП. Граѓаните го чекаат крајниот рок  - кој истекува утре, за да поднесат годишна даночна пријава.

Но, задоволни велат – брзо завршиле работа.  Сите кои минатата година, покрај плата или пензија  оствариле и екстра приход , од кирии,. авторски договори, дивиденди, берза и  игри на среќа над 5.000 денари -  имаат оврска да поднесат ГДП.

Заклучно со вчерашниот ден, до УЈП пристигнале 360 илјади даночни пријави. Најголем дел, над 144 илајди се во главниот град.

Тонскоо  Управата за јавни приходи очекуваат да бидат поднесени околу 420.000 пријави, а од нив по електронски пат околу 2.000., изјави раководител на секрот во УЈП, Мухедин Авдиќ

Утре е крајниот рок за поднесување ГДП, За да им се излезе во пресрет  на граѓанатие, службите на УЈП ќе работат до 20 часот. Се очекува да пристигнат уште најмалу 50.000 пријави.

Од УЈП најавија дека од наредната година ќе започне имплементација на нов проект,  каде граѓаните ќе бидат ослободени од поднесување даночни  пријави.

Односно, пријавите ќе ги пополнува самата Управа, а даночните обврзници ќе можат  да ја корегираат ако има потреба.

До сега,  фирмите  ги доставуваа пресметките за платени придонеси за своите вработени, и  граѓаните по втор пат до УЈП ги поднесуваат истите пресметки.