Македонија
22. јуни 2017 - 20:10

Утре попладне во прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патниот правец Р1202  Маврово–Дебар на делот од с.Рајчица – Мелнички мост, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), утре ќе биде во прекин во двата правца.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на делницата ќе виде во прекин од 13.00 до 17.00 часот.