Македонија
22. October 2017 - 13:56

Утре неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 октомври, понеделник, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на македонската револуционерна борба.