Македонија
18. February 2017 - 20:15

Утре многу дожд: Ќе наврнат 10 литри на м2

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд, на места со умерен интензитет, а на планините и на некои повисоки места во северзападните делови со повремен снег.
 
Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10л/м2.
 
Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од три до 11 степени.
 
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд.
 
Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до осум степени.
 
Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време