Македонија
17. August 2017 - 10:16

Утре и задутре ќе се прска против комарци во скопско

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Доколку не дозволуваат временските услови, како што информираат од Градот Скопје, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Од Градот Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.