Македонија
3. December 2016 - 19:20

Утре е голем празник - Тој одредува каква ќе биде идната година

Православните верници утре ќе го го чествуваат воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот.

Според народните верувања, каков е биде утрешниот ден таква ќе биде и наредната година.

Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.

Да се надеваме дека и утре времето ќе сончево како денеска, па може да очекуваме сончева и убава 2017 година.