Утре е голем празник - денот кога на секој верник му се исполнува најголемата желба
За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос.
Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил.
Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера.
А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.
Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.
Според народните верувањасе смета дека на овој ден, по кажаната молитва за овој ден, треба да се посака желба која светецот Автоном ќе ја исполни.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара