Македонија
10. September 2015 - 11:16

Утре без струја дел од корисниците во Гази Баба, Чаир и Кисела Вода

Утре  од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Маџари“ – од ОУ „Дане Крапчев“ до ресторан Ханибал, како и објектот на ресторан Ханибал, во општина Гази Баба, а од  9 до 10 часот, корисниците од ул. „Панче Неделковски“, како и објектот на ОУ „Цветан Димов“ во општина  Чаир.
 
Без струја утре од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Стрезово“, „Илија Плавев“, „Брадфорска“ и „Милан Марковиќ“ во општина Карпо, а од 9 до 14 часот, дел од корисниците од ул. „Мариовска“ во општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје, според известување од ЕВН Македонија.