Свет
19. January 2017 - 19:09

ОН усвои план за помош на 340 илјади бегалци во Европа во 2017.

Обединетите нации усвоија програма за помош на 340 илјади мигранти и бегалци во Европа оваа година.

Според податоците на Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци планот ќе чини 691 милон долари. Освен Комесаријатот во негова реализација ќе учествува и Меѓународната организација за миграција и други 72 партнерски структури.

Целта на новата стратегија е да се поддржат напорите на владите за обезбедување на безбеден пристап на мигрантите до засолништа и заштита.

Таа има цел да ги помогне долгорочните решенија за легална миграција во поволни услови, додаде Комесаријатот. 

- Изминатите две години реакцијата на Европа при пристигнувањето на повеќе од 1,3 милиони бегалци и мигранти беше проследена со голем број проблеми, вклучувајќи го и прашањето за нивна заштита. Тој план е инструмент за подобрување на координацијата на активностите во 2017 година, изјави дирекорот на европската канцеларија на Комесаријатот., Венсан Коштел. 

Со програмата се опфатени Јужна, Централна, Западна и Северна Европа и Турција.