Loading Video...
Свет
26. September 2015 - 17:11

ОН усвои амбициозен план за одржлив развој во следните 15 години

Светските лидери, кои учествуваат на самит во ОН, денеска официјално прифатија амбициозен план за одржлив развој за следните 15 години.

Во документот се поставени глобални 17 цели за одржлив развој до 2030 година, меѓу кои искоренувањето на екстремната сиромаштија, универзален пристап до образованието и здравство, еднаквост на половите и борба со климатските промени ..

Глобалните цели имаат за цел да им овозможат на земјите патоказ за финансирање и формулирање на владините политики во следните 15 години, со оглед на тоа што напредокот ќе биде следен и подложен на преглед со помош на серија глобални индикатори кои треба да бидат договорени до март следната година.