Усвоена мерката од Планот 3-6-9 за стопирање владини реклами
Владата на денешната 24-та седница ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање на владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет-портали, со исклучок на социјалните медиуми, и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис.
- Согласно оваа мерка, Владата на Република Македонија донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет-портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците