Балкан
10. December 2016 - 19:05

Уставните измени за воведување претседателски систем поднесени во турскиот Парламент

Турската владеачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска во Парламентот го поднесе предлгот за уставна реформа, што има за цел воведување претседателски систем на владеење, информираа претставници на партијата, цитирани од британските медиуми.

Предлогот за уставна реформа треба да добие одобрение од најмалку 330 пратеници (од вкупно 550 во Меџлисот), за потоа да може да биде ставен на референдумско изјаснување. Владеачката АКП и Партијата на националистичката акција, која го поддржува предлогот, вкупно имаат 355 пратенички гласа во Парламентот.

Предлогот попладнево го поднесе заменик претседателот на парламентарната група на АКП, Мустафа Елиташ, информира турската телевизија НТВ.