Уставниот суд на Италија го измени изборниот закон, што може да доведе до предвремени избори
Италијанскиот Уставен суд денеска оцени дека дел од изборниот закон на земјата е невалиден, но недопрени остави поголем дел од постојните правила, пренесоа британските медиуми.
Одлуката на судот може да го отвори патот кон предвремени избори годинава.
Во писмената одлука судот ја отфрли идејата парламентарните избори да се одржуваат во два круга, прифаќајќи дека секоја партија која во првиот круг од изборите ќе освои најмалку 40 проценти од гласовите, да треба да добие дополнителен бонус што автоматски ќе и осигура парламентарно мнозинство.
Притоа, судот одлучи дека законот, со направените измени, може да се применува веднаш, доколку бидат закажани избори. Избори не се предвидуваат пред почетокот на следната година, но поранешниот премиер Матео Ренци, кој ја предводи владеачката Демократска партија, неодамна изјави дека сака избори колку што е можно поскоро.
Веднаш по објавувањето на одлуката на судот, за итни избори се заложи и антисистематското популистичко „Движење 5 ѕвезди“.
„Судот ни кажа дека она што треба да го направиме е на земјата да и дадеме изборен закон што најмалку го нарушува Уставот. Затоа сега треба да ја почитуваме одлуката на судот и да оддржиме избори“, на Фејсбук напиша сенаторот од движењето Никола Мора, цитиран од британските медиуми.
Неговата позиција ја поддржаа уште неколкумина пратеници од „Движењето 5 ѕвезди“, кое е главна опозициска партија во Италија.
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка