Бизнис
26. April 2017 - 16:59

Уставниот суд ќе одлучува дали може да се исплатат субвенциите за земјоделците

Уставниот суд ќе одлучува дали може да се исплатат субвенциите за земјоделците. Предметот е веже оформен и уставните судии работат на него. Според извори од судот, следната седица е закажана за 10 мај и ако тогаш судиите оценат дека нема пречка за исплата на субвенции, во текот на овој месец земјоделците ќе можат да си ги добијат своите пари.

Сител вчера објави дека експертите по кривично право сметаат дека само уставните судии можат да го разрешат проблемот со субвенциите. Според нив, проблемот е во членот 165в од Кривичниот закон којшто ја забранува исплатата на субвенциите. Оваа состојба може да се надмине, со укинување на спорната одредба од страна на Уставниот суд. Изборите завршија и не може да се влијае на волјата на избирачите,  а со неисплатата се оневозможува остварување на право на граѓаните, велат кривичарите.

Претходно, министерот за земјоделство изјави дека се бара начин за исплата на субвенциите.

Субвенции не се исплаќаат веќе половина година, а земјоделците се закануваат со радикални протести.