Македонија
18. May 2016 - 9:45

Уставен суд поведе постапка за распуштањето на Парламентот

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да поведе постапка за Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Иницијативата, ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, за која од Уставниот суд посочуваат дека има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.