Македонија
18. May 2016 - 8:23

Уставен суд ќе расправа за Одлуката за распуштање на Собранието

Уставниот суд денеска ќе ја разгледува Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Иницијативата, која е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, е единствена точна на дневен ред на седницата.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.

Од Уставниот суд посочуваат дека Иницијативата поднесена од Талат Џафери има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.