Уставен суд ја отфрли иницијативата за поставување крст во Бутел
Уставниот суд на Република Македонија денеска поради ненадлежност ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Одлуката за поставување на крст во општина Бутел.
Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на општината.
Иницијативата беше поднесена од Движење за реформи - Албанска демократска партија Тетово.
Од Судот појаснуваат дека ја отфрлиле иницијативата за Одлуката за поставување урбана опрема во општина Бутел, бидејќи не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа.
Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.
Судот на денешната седница го укина членот 71, став 5 од Законот за кривична постапка, кој предвидува „за кривични дела за кои може да се изрече казна затвор во траење од најмалку 10 години бранител може да биде адвокат со искуство од најмалку пет години по положување на правосудниот испит“.
Досегашниот генерален секретар на Уставниот суд, Оливера Филиповска информира дека на почетокот на денешната седница судиите се договориле деновиве да изберат нов генерален секретар, бидејќи на 1 септември и завршил мандатот.
Генерален секретар избират судиите од редот на државните советници на Уставниот суд на РМ. За да биде избран генерален секретар, како што информират од Судот, потребни се пет гласа од девет судии.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми