Свет
13. February 2018 - 13:34

Успешно лансирана ракетата „Сојуз“ кон Меѓународната вселенска станица

 Руската ракета „Сојуз“ денеска е лансирана кон Меѓународната вселенска станица, два дена подоцна од планираниот датум.

Лансирањето беше одложено поради програмска грешка во компјутерите на ракетите.

Ракетата со товарен вселенски брод, во кој има храна, гориво, вода, лекови и други неопходни работи за членовите на Станицата, е лансирана од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.

Целта е да се тестира новиот режим на брзи испораки до вселенската станица.

Во Меѓународната вселенска станица има шест астронаути од кои тројца Американци, двајца Руси и еден Јапонец.