Бизнис
1. December 2015 - 16:44

Успешна аукција на МФ - Продадени државни хартии во вредност од 73 милиони евра

Успешна аукција во Министерството за финансии. Продадени се државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра, соопшти Министертсвто.

Купувачи на хартиите од врендост се банките, осигурителните компании,  пензиските фондови и штедилниците.

Аукцијата обезбеди ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со буџетот за 2015 година.

Во текот на декември по основ на стари, доспеани за враќање, хартии од вредност,  Министерството за финансии ќе врати на банките 84,6 милиони евра.

Министерството за финансии ќе продолжи со одговорно управување со јавните финансии и партнерскиот однос со банките и стопанството.

На еден час пред почетокот на аукцијата лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се закани на банките дека сите аукции кои ќе се одржат без согласност на опозицијата ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување. Тој им укажа на банките дека партијата има на располагање и други механизми за да го спречи ова финансирање.

Експертите велат дека никој не треба да се плаши од заканите на Заев кој не сака да сфати дека со ваквите потези повеќе губи. Според нив тие се грубо мешање во деловното работење на банките, додека нискиот рејтинг од само 5% е показател дека Заев никогаш нема да биде во позиција да ги изврши ваквите закани туку, напротив неговиот рејтинг доплнително ќе се топи. Денешната аукција на која учестуваат сите банки и останати финансиски институции е доказ дека заканите не ги исплашија деловни субјектите.