Македонија
26. April 2017 - 23:07

Условите за студирање на Штипскиот универзитет презентирани пред идните студенти во Струмица

Универзитетот Гоце Делчев од Штип организираше отворен ден во Струмица на кој идните студенти, но и сите граѓани имаа можност да се запознаат со работата на универзитетот и постигнатите резултати во изминатите десет години. Преку презентациите кои беа организирани од страна на студентите, професорите и асистентите големиот број посетители имаа можност да се запознаат со работата и можностите кои што ги нудат 12 - те факултети и трите  академии на универзитетот.

,, Во овие десет години на универзитетот во Штип се запишале скоро 2800 завршени средношколци, а дипломирале 700. Тоа значи дека младите луѓе од општина Струмица го препознаваат универзитетот како институција на која што сакаат да студираат. На некој начин денес универзитетот не само пред средношколците туку се претставува и пред граѓаните на општина Струмица.,, вели Кирил Барбареев – проректор за настава

Универзитетот Гоце Делчев покрај седиштето во Штип има уште четири наставни центри.  Средношколците кои завршуваат може да бираат своето образование да го продолжат и во наставните центри во Струмица, Скопје, Кавадарци и Прилеп во кои во моментов има околу 10 000 активни студенти.