Свет
18. August 2017 - 12:25

Уште шестмина австралиски политичари се соочуваат со оставки поради двојно државјанство

Шестмина пратеници на австралискиот Парламент и функционери во владата и во неколку парламентарни партии, се соочуваат со заканата да поднесат оставки и да ја напуштат политиката, затоа што се откри дека имаат двојно државјанство.

Според законите на Австралија, дозволено е двојно државјанство, но за луге кои не се во политиката и немаат никаква јавна или државна функција.

Политичката судбина на оние кои имаат двојно државјанство, сега зависи од одлуката на Вишит суд на земјата, кој за секој случај посебно, определува дали се повредени законските и уставните одредби.

Меѓу нив, еден е министер во владата на премиерот Малколм Тарнбул, а како „осомничен„ се вои и министерот за правда.

Доколку судот прогласи дека некој од нив е неподобен за да биде парламентарец, член на владата или на државната администрација, или да биде во некоја од регистрираните партии, тие ке мора да поднесат оставка и да ја напуштат политиката.

Случајот со двојните државјанства веке пет недели ја потресува авсралиската политичка сцена..

Покрај најновиот пример со шестмината пратеници, за кои сега се води постапка пред Судот, се испитува и подобноста на двајца сенатори, како и на актуелниот заменик премиер Барнаби Џојс.

Поради неподобност, затоа што се откри дека имаат двојно државјанство, двајца други членови на Сенатот на австралискиот Парламент, поднесоа оставки-едниот затоа што покрај австралиското имал и канадско државјанство, а другиот затоа што бил и британски државјанин.

Заменик премиерот Џојс, во Долниот дом изјави дека не знаел оти има и новозеландско државјанство. Според неговото објаснување, тој е роден во Австралија, но татко му е Новозеланѓанец кој во 1947 година се пресеил од Нов Зеланд.

Новозеланските власти потврдија дека австралискиот заменик премиер има двојно државјство. Законот на Нов Зеланд предвидува, секое дете, родено од родител новозеланѓанец, по автоматизам добива државјанство.

Џојс се правда дека пред да биде именуван во владата на Тарнбул побарал правно толкување за неговиот случај со второт државјанство, што тој самиот не го барал, па добил толкување дека нема правни пречки за негвото членство во владата и за присуството во австралоската политика.