Балкан
14. јуни 2016 - 13:48

Уште пред почетокот на летото беснеат пожари во Грција

 
Шумски пожари беснеат во јужниот дел на Грција. Едниот од нив е во реонот на градот Мегара и се очекува набрзо да биде изгаснат.
 
За огнената стихија во близина на Мегара властите уапсиле 52-годишен маж, за кој постои сомнеж дека го подметнал пожарот.
 
Другите два пожара се на островот Крит и во реонот на Коринт. Гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер. Шумскиот пожар на Коринт е делумно ставен под контрола.