Македонија
4. August 2015 - 16:19

Уште ноќта настраданото подрачје и домот на жртвите го посети премиерот Никола Груевски

Поројниот дожд и прекинатите телефонски врски биле предвесник на лошите вести за семејството од Шипковица кое синоќа остана без двете деца.

Доцна синоќа во својот дом го примија премиерот Груевски и му раскажаа за големата трагедија.

Тетовското село Шипковица претрпе најголеми штети во вчерашното невреме. Загинати, повредени, разрушени куќи. Цела ноќ се трагаше по исчезнатото 6 годипно девојче.

Премиерот и министрите рано изутрина присуствуваа на состанок на кризниот штаб во месната заедница. Ја ветија сета потребна помош и поддршка за справување со катастрофата.

Груевски и градоначалничката на Тетово заеднички договоараа што е потребноз а санирање на штетите во градот.

Во вчерашното невреме настрадаа 4 лица а како исчезнато се води уште едно 6 годишно дете.

Бројот на повредени е голем, а без своите домови останаа 50тина семејства.