Живот
26. May 2017 - 20:16

„Уште не ти е време“ - бил мртов 45 минути, а еве што кажал кога кога се разбудил

Брајан Милер од Охајо завршил во болница поради срцев удар.Токму кога сите мислеле дека му се подобрила ситуацијата, нему му се случила вентрикуларна фибрилација, пореметување на отчукувањето на срцето, при што доаѓа до намалување на крвниот притисок и доток на крв до виталните органи.

Според зборовите на медицинската сестра човекот практично бил мртов 45 минути, по што срцето почнало да работи и за некое чудо нормално да чук. Вистинско чудо не е тоа што тој преживеал, туку што ниту мозокот, ниту виталните функции не му се оштетени.

Кога се разбудил тој рекол дека видел светло на крајот од „рајскиот тунел“, а таму ја сретнал неговата почината роднина, која му рекла да се врати во своето тело.

Покрај роднината стоел и нејзиниот мртов сопруг и така прегрнати го поздравиле и испратиле.

-„Ме фати за рака и рече:„Уште не ти е време, не треба да бидеш овде, има уште работи кои треба да ги направиш.“ - раскажува Брајан и додава дека ваквото искуство му го променило погледот кон животот.