Џет-Сет
27. October 2016 - 16:10

Уште едно бебе на естрадата: Се породи Славица Чуктераш


Пејачката Славица Чуктераш и нејзиниот сопруг Владо Аврамов денеска станаа родители.

Славица околу 11 часот се породи во Нови Сад и на свет донесе ќеркичката на која и го даде името Викторија.

- Тие двајцата се пресреќни што станаа родители, и тоа им беше голема желба. Славица и бебето се чувствуваат одлично, а Владо е пресреќен поради новата улога во својот живот и веќе почна да слави во Нови Сад. Нивните семејства и пријателите се неизмерно среќни поради нив, па целата оваа недела ќе помине славенички во чест на раѓањето на Викторија, вели извор близок до семејството.

Славица во март дозна дека е бремена, поради што мораше да се повлече од естрадата. Поради бременоста го прекина учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“ кое се емитуваше и на ТВ Сител.