Тенис
17. May 2017 - 14:31

Уште една тешка победа за Јотовски во Унгарија

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски оствари уште една тешка победа на фјучрс турнирот во унгарскиот град Замарди. Тој денеска во мечот од второто коло со го победи Јапонецот Кен Ониши со 2-1 во сетови (4:6; 6:2 и 6:4 во гемови).
 
Мечот изобилуваше со многу пресврти. Во првиот сет при резултат 2:1 во гемови нашиот тенисер пропушти неколку шанси за водство од 3:1. Противникот сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Ониши поведе со 2:0 во гемови, а Јотовски потоа направи серија од 6-0 и изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет нашиот тенисер имаше водство од 5:2, а потоа сетот го доби 6:4. Мечот траеше 3 часа и 13 минути.
 
Јотовски попладнево игра уште еден меч во игра на двојки, а во четвртфиналето ќе игра против Шпанецот Никола Кун.