Македонија
12. December 2017 - 13:18

Уште една оставка во ДИК

Членот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи за МИА потврди дека денеска до Собранието ја доставил својата оставка. Јакупи, кој во ДИК е на предлог на ДУИ, вели дека оставката е негов личен чин, а оти парите од бонусите ќе ги врати во буџетот.

Тој е четвртиот член на ДИК кој поднесе оставка откако во јавноста беше обелоденето дека зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата. Вчера тоа го направија претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Засега нема информации дека и други членови на ДИК си поднеле оставка. 

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година.