Македонија
21. February 2016 - 15:33

Уште една несреќа во Велешта, камион прегази пешак

На регионалниот пат Струга - Дебар во село Велешта вчера попладне околу 17 часот се случила сообраќајна незгода во која Б.Х. (1976) од Велешта, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, удрил во пешакот К.В.(1954) од Велешта.

Во незгодата К.В. здобила фрактура на граден кош и други скршеници по што, од болницата во Струга, е префрлена во болницата Св. Еразмо во Охрид за натамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавно обвинителство и екипа од Полициската станица - Струга.