Македонија
10. December 2017 - 13:02

Уште една несреќа во Македонија: Младо момче се заби во знак и бекатон плочки

Околу 3 часот и 45 минути на кружниот тек од булеварите „Илинденска“ и „Видое Смилески Бато“ во Тетово автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал 28-годишниот Д.Д. од Тетово загубил контрола, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак и бекатон плочки.

 При тоа возачот кој бил сам во возилото задобил телесни повреди и по укажаната помош во Клиничката болница – Тетово бил пуштен дома, а материјалната штета во овој случај се проценува на околу 10 илјади денари.

Полицијата извршила увид.