Македонија
29. јуни 2017 - 13:26

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Нов земјотрес ја стресе Македонија. Пред неколку часа потрес со 2,6 степени по Рихтер со епицентар во Охрид се случил на длабочина од 2 километри.

Претходно охриѓани ги разбудија два земјотреси. Првиот земјотрес, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 02:37 часот со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 5 километри.

Вториот потрес се случил во 04:41 часот. Бил со магнитуда од 3,1 степен според Рихтер, со епицентар 13 километри североситочно од Охрид на длабочина од еден километар.

За неколку дена се регистрирани 800 потреси во охридскиот регион.