Македонија
9. September 2016 - 9:24

Уште еден милионер од Државната видео лотарија

 

Добивка од „Милионер џек пот“ на Државна видео лотарија на Македонија (ДВЛМ) во вредност од 1.484.312 денари е освоена  кај деловниот соработник на ДВЛМ, Бетсити Балкан во Лептокарија 2, Скопје на 4 овој месец.

- Играњето на видео лотариските терминали го сфаќам како убава забава. Не играм поради пари, едноставно сакам да играм,  ја пренесува ДВЛМ изјавата на среќниот добитник У.Х.

Добивките „џек пот“, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1 јуни годинава. Се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини џек пот добивките се во вредност од пет илјади до 10 илјади денари, а Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.500.000 денари.