Македонија
19. February 2017 - 8:45

Уште денеска дожд, од утре стабилно и суво

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд, на места со умерен интензитет, а на планините и на некои повисоки места во северзападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10л/м2. 

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд.

Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до осум степени

Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време.