Бизнис
1. September 2015 - 16:45

Уште 8500 пензионери ќе можат да одат на бесплатна бања и бесплатен викенд

Уште 8,500 пензионери ќе можат да заминат на бессплатна бања и викенд.  Од наредната година  продолжува владиниот проект со кој  5,500 пензионери  ќе можат да ја искористат можноста за бесплатно бањска рекреација, а 3,000 на државен трошок  можат да прошетаат на викенд. Проектот за бесплатна бања, кој  започна во 2010 та година до сега го искористиле 32., илјади пензионери

- Колку што можам да видам од средбите со нив, но и од прашалниците што ги пополнуваат тие се презадоволни. Оваа година дополнителни 2.400 лица ќе заминат бесплатно во бања, а проектот ќе продолжи веќе следната година со нови 5.500 затоа ќе го продолжиме овој проект кој беше дел од нашата Изборна програма и успешно се реализира, изјави премиерот Груевски

Бесплатен викенд пак,  искорителе над 2,100 пензионери. Задоволни се  што можат да се социјализираат, да се рекреираат  и да стекнат нови пријателства без воопшто да потрошат пари.

Задоволството е големо и таму, пораките од пензионерите што ги поминаа викендите таму се одлични, така што во текот на оваа година планираме дополнителни 900, а од следната година нови 3.000. Проектот се одвива одлично, изјави Груевски.

За овие два прокети државата за наредната година  издвои 780 илјади евра.