Тенис
9. September 2017 - 7:53

УС Опен:Надал и Андерсон во финалето

Рафаел Надал и Кевин Андерсон ќе играат во неделното финале на УС ОПен откако двајцата ноќеска во полуфиналните мечеви ги победија ривалите со 3-1 во сетови.
Првиот носител Надал беше подобар од Хуан Мартин Дел Потро, иако губеше со 1-0. Првиот сет го доби Дел Потро со 6:4, а во следните три тој освои само пет гема и Надал беше подобарс о 6:0; 6:3 и 6:2.
И Андерсон го загуби првиот со 4:6, но следните три го доби со 7:5; 6:3 и 6:4 против Пабло Карено Буста од Шпанија.
 
Андресон ќе го игра своето прво финале на Грен слем турнир, досега најдобар резултат му беше 1/4 финалето на УС Опен во 2015.
За Надал ова е четврто финале во Њујорк и има две победи.
 
Во женското финале вечерва играат Американките Медисон Кејс и Слоун Стивенс.