Тенис
7. September 2017 - 8:25

УС Опен: Кејс се избори за американско полуфинале

Четири американски тенисерки ќе играат во полуфиналето на УС Опен, откако ноќеска Медисон Кејс ја победи Каја Канепи од Естонија со 2-0 во сетови (6:3и 6:3). Таа во полуфиналето ќе игра против Коко Вандервеге која беше поуспешна од првата светска тенисерка Каролина Плишкова со 2-0 во сетови.
За Кејс ова ќе биде второ Грен слем полуфинале, откако беше полуфиналистка на Австралија Опен во 2015.
Од 1985 година за првпат и четири Американки се дел од завршницата на турнирот.