Тенис
24. August 2017 - 8:30

УС Опен: Ѓорческа елиминирана во првото квалификациско коло

Најдобрата македонска спортистка за 2016 година тенисерката Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на УС Опен во Њујорк. Таа синоќа во изедначен меч загуби со 2-1 во сетови од Дестани Аиава од Австралија, иако водеше со 1-0 во сетови.

Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а следните два и припаднаа на противничката со 6:4 и 6:3. Мечот траеше 75 минути.
Аиава освои еден поен повеќе 76:75, а имаше и еден брејк повеќе 3/7, додека Ѓорческа имаше 2/2. 
Ова за Ѓорческа беше второ учество во квалификации на УС Опен.