Тенис
30. August 2017 - 7:48

УС Опен: Федерер едвај ја мина првата пречка

Третиот носител на УС Опен Рожер Федерер едвај успеа да се пласира во следната рунда откако ноќеска во меч во пет сета го победи Американецот Френсис Тиафо со 3-2 во сетови (4-6; 6-2; 6-1; 1-6; 6-4).
 
Тоа беше од шестте мечеви што се одиграа синоќа на централниот терен во Флешинг Медоу. 
Победа во 1.коло постигна и Рафаел Надал, кој со 3-0 во сетови го совлада Душан Лајовиќ, а проблеми имаше само во првиот сет што го доби по тај брек.
Во женска конкуренција завршија неколку пред програмата да биде комплетно прекината и одложена за денеска.
 
Наоми Осака од Јапонија направи изненадување со победата над ланската шампионка Анжелик Кербер со 2-0 во сетови, а пласман понатаму обезбедија: Медисон Кејс, Јелена Остапенко (шампионката на Ролан Гарос) и Каролина Плишкова (прва носителка).
Пред дождот своите мечеви ги завршија и обезбедија пласман во следната рунда уште и: Барбара Стрицова, Јанина Викмаер и Сорана Кристеа.