Фудбал
18. November 2015 - 10:06

Уругвај подобар од Чиле, прв триумф за Аргентина

Репрезентацијата на Уругвај успеа во натпреварот од 4.коло од квалификациите за СП 2018 (зона Јужна Америка) на домашен терен да го победи шампионот на Копа Америка Чиле со убедливи 3:0.

Првата победа во ова коло ја постигна и Аргентина, додека Еквадор и натаму има максимален учинок - 4/4.
Победи дома остварија и Бразил и Парагвај.

Резултати на натпреварите од 4.коло: 

Уругвај –Чиле 3:0, 

Колумбија – Аргентина 0:1, 

Венецуела –Еквадор 1:3, 

Парагвај – Боливија 2:1, 

Бразил – Перу 3:0.

Табела: Еквадор 12 бода, Уругвај 9, Бразил 7, Парагвај 7, Чиле 7, Аргентина 5, Колумбија 4, Боливија 3, Перу 3, Венецуела 0.